img
img

МАТРИКС - Компанија која се гордее со квалитетни автомобилски производи, по одлична цена, испорачувајќи со највисок стандард!

Наши производи

Фирмата Матрикс е основана во 1999 година како ексклузивен застапник на повеќе германски првоуградбени производители на резервни делови за патнички и комерцијални возила.

Нашите дејности ги насочуваме кон организирање лагер, дистрибуција и промовирање на производите нa брендовите чии што производи ги застапуваме.

На тој начин Матрикс има постојан пристап до најновите технологии, сите технички иновации и најновите стандарди за квалитет на светско ниво. Со тоа постојано ја потврдува својата долгогодишна традиција во тој правец, а со цел на одржување на лидерската позиција на пазарот и зголемување на продуктивноста.

Благодарејќи на тоа, Матрикс прерасна во заштитен знак и симбол на квалитетот и довербата, со што го најде своето место во скоро сите реномирани транспортни фирми и сервиси за моторни возила во земјата.Како официјален застапник на наведените производители за пазарот на Република Македонија, нашата фирма располага со сопствен канцелариски и магацински простор од 1.000 м2 на улица “Качанички Пат бб” во Скопје, со залиха на сите видови делови и масла од преку 10.000 различни делови за речиси сите застапени видови на патнички и комерцијални возила кај нас, од каде што се дистрибуираат производите за потребите на околу 700 продажни места низ целата Република со сопствени возила за дистрибуција директно до купувaчите.

Во просториите на наведената адреса располагаме со најсовремени софтверски програми за прецизно определување на артиклите според типот на возилата како и програми за материјално следење на залихата што ни овозможува во секој момент на најбрз можен начин да одговориме на поставените барања. Процесот на застапување, организирање на залихa и дистрибуција е воден од страна на тим кој што веќе петнаесет години извршува дејности на наведената проблематика, со профил на дипломирани машински инжинери кои што со своето познавање на возилата и стандардите за квалитет, како и пазарниот начин на стопанисување, преку акцентирање на пазарната компонента во организирањето и извршувањето на проблематиката на правовремено идентифицирање на резервните делови на возилата и понатамошно нивно комерцијализирање, спремен е да одговори на сите модерни предизвици за потребите за резервни делови на
возилата на пазарот.

Освен веќе наведените 700 продажни места, нашата фирма врши континуирано снабдување на 14 јавни претпријатија и институции кои што со својот возен парк ги надминуваат границите на нaшата држава со кои што воедно има склучено годишни Договори за снабдување.Постојано ориентирани кон развојнатa компонента, нашите активности во секојдневното работење ги
ориентираме на препознавање на предизвиците што пред нас ги поставува пазарот, насочувајќи ги од таму кон понатамошен развој на фирмата, се со цел за што поквалитетно и поефикасно одговарање на потребите на нашите ценети купувачи.

Зошто да ги користите деловите на

0

Достапни делови

0

Задоволни клиенти

0

Добавувачи

0

Години искуство

img